|
Почитувани дами и господа,
Задоволство ни е пред Вас да го представиме
осигурителното брокерско друштво ИН-БРОКЕР А.Д.
Скопје, и да Ви го предложиме нашето богато
професионално искуство во областа на
осигурителните услуги, со надеж да станеме Ваш
идеен партнер.
Осигурителното брокерско друштво ИН-БРОКЕР А.Д.
Скопје ја извршува својата дејност како
осигурителен и реосигурителен брокер на
македонскиот и меѓународниот осигурителен пазар.
Друштвото е основано во 2003 година како
акционерско друштво врз база на здружување на
двајца регионални директори во тогашна КЈУБИ
МАКЕДОНИЈА, чиишто стабилни деловни контакти со
различните осигурителни компании датираат уште
од 80-те години на минатиот век. За кратко време
во своето делување, компанијата успеа да отвори
канцеларии во Скопје и Струмица, со идни
перспективи за отварање на канцеларии во Охрид,
Битола и Кочани.
Експертите во брокерското друштво се компетентни
професионалци со богато искуство во сите области
на осигурувањето. |